-Денеска во процедура во Собранието влегува Буџетот за 2020 година. Буџетот за 2020 година е развоен и во својот фокус го става човечкиот капитал. Продолжуваме да вложуваме во зголемување на платите и пензиите, проодлжуваме да обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните. Вложувањето во човечкиот капитал е неопходно затоа што треба и мора да бидеме конкурентни со светската економија за да можеме да го одржиме економскиот раст. Буџетот за 2020 година претставува инвестиција во подобро здравство, подобро образование, подобра социјална грижа, инвестиција во развој на инфраструктурата. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која земаше од граѓаните за лажен барок, споменици, палми и криминални тендери, ние инвестираме во она што е важно за секој граѓанин, изјави на денешната прес конференција, Диме Велковски, пратеник на СДСМ.
„Новиот предлог буџет за 2020 година, во здравството, образованието и социјалата, предвидува инвестиција од вкупно 154 милијарди денари. Тоа е зголемување од повеќе од 10 милијарди денари во споредба со ребалансот од 2019 година, односно последниот Буџет.
1,5 милијарди денари предвиени се за капитални инвестиции во здравството. Одвоивме 1,4 милијарди денари за капитални инвестиции во образованието, за реконструкција и изградба на училишни згради и спортски училишни сали, на студентските домови.
Во 2020 година проектиравме реални капитални расходи на ниво од 23 милијарди денари. Инвестициите се наменети за интензивирање на инфраструктурните проекти, односно за патна и железничката инфраструктура, енергетската и комунална инфраструктура.
Паралелно со тоа, продолжува и растот на платите. Веќе во јануари за 10 отсто поголема плата добиваат вработените во образованието.
Од февруари лекарите специјалисти добиваат повисока плата за 25, а медициснките сестри за 10 отсто.
Веќе од јануари, пензиите растат за 700 денари, а со законското усогласување, над 322.000 пензионери ќе добјат зголемување од околу 900 денари.
Предлог Буџетот за 2020 година е насочен кон поголема социјална еднаквост и надминување на социјалните разлики. Остануваме посветени на градењето фер и еднакво општество.
Апелираме на конструктивна дебата во собраниската Комисија за финансирање и буџет и повикуваме сите пратеници да дадат поддршка на предлог Буџетот за 2020 кој е во интерес на граѓаните, државата и економијата, рече Велковски.