25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев од Гостивар: Мицкоски нема став, надвор вели го поддржува Договорот со Бугарија, дома вели дека не го поддржува

Не гледам како нашиот политички опонент очекуава гласови. Немаат став за клучните прашања, едно зборуваат дома друго надвор. Беа единствените кои што се радуваа на историската грешка на Европската унија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната граѓанска трибина „На прав пат“ во Гостивар.

Претседателот Заев потсети на однесувањето на Христијан Мицкоски и постојаното менување на ставовите:

-Само тој зборуваше за Договорот со Бугарија дека бил капитулантски, дека ги предал нашите национални интереси. И го видовме сега на телевизија. Вели „сичко што е добре јас поткрепам“. Таму го поддржува договорот, се врати назад, пак не го поддржува договорот. Ќе му ја дадеме државата да ја води? Нема, нема да му ја дадеме да ја води. Нема став и не може да води“ рече претседателот Заев.

-Дури и ЕПП, каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, завчера донесоа Реозулица со којашто потврдија дека е историска, пред се грешка на ЕУ и повикаа брзо да се исправи таа грешка. Само Мицкоски зборуваше дека биле во право некои лидери на ЕУ што не дале датум за почеток на преговорите. Дури и Макрон призна дека сме исполниле се. Згора на се дека Договорот со Бугарија и Договорот со Грција се пример за сите. Само Мицкоски се радуваше. Ако мисли дека така ќе дојде полесно на власт, нема да дојде, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.