16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Коста Петров на трибина во Гостивар: Фактите ги потврдуваат успесите на СДСМ, растат платите и пензиите, се градат и реновираат патишта

Денеска во Гостивар ќе зборуваме за факти. Факт е дека стануваме 30 земја членка на НАТО, што е најголемото достигнување досега на земјата, да бидеме еднакви, рамноправни со најмоќните земји во светот, порача Коста Петров потпретседател на СДСМ на денешната граѓанска трибина во Гостивар.

Тој посочи дека факт е дека направиме се за влез во ЕУ ,но и дека испорачавме реултати и ќе продожиме да испорачуваме резултати.

Факт е и дека за само две и пол години, се изградија и реновираа над 500 километри патишта што е околу 200 километри годишно, додека во време на ВМРО-ДПМНЕ годишно тоа беше по 60 километри.

Факт е и го стабилизиравме пензискиот фонд, пензиите растат од 700 до 900 денари, а беше оставен со огромна дупка. Факт е и дека минималната плата од 9.000 денари порасна за 5,500 денари односно денес имаме 14.500 , а просечна плата повисока за околу 2.300 денари, порача Петров.

Како други факти со кои се потврдува заложбата на оваа Влада се и укинавње на радиодифузната такса , намалување на сметките за парното, воведување на социјални пензии и инвестиции во земјоделството, заклучи потпретседателот Петров.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК