Наскоро ќе заврши големиот проект, реконструкција на спортската сала во Ресен, градежните офанзиви се при крај и таа наскоро ќе биде ставена во функција истакна претседателот на СДММ Дарко Каевски на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Ресен
Тој потсети дека во Ресен некогаш гостуваа големи екипи и се играше најдобар ракомет, а со реконструкцијата на салата, повторно ќе се вратат славните времиња за спортот во Ресен
Претседателот на СДММ Дарко Каевски на граѓанската трибина најави и изградба на едно големо игралиште во ценатрот на Ресен.