ВМРО-ДПМНЕ потроши 250 милиони евра за договори со странските инвеститори, кои се третираа како државна тајна, а СДСМ троши колку што може да акумулира, но тоа е транспарентно, секој може да види кој денар каде оди, нагласи Битиќи.
Но не е само во тоа разликата, ние им нудиме поддршка на инвеститорите само ако на работниците им понудат најниска плата за 50 насто повисока од минималната, односно најмалку 22 илјади денари, наспроти срамните 8 илјади денари од времето на ВМРО-ДПМНЕ рече Битиќи.
Ние работиме транспарентно и за граѓаните, бидејќи секој треба да живее достоинтвен живот, ние се залагаме за едно општество за сите, за еднакви можности за сите граѓани и затоа нашиот избор на 12 април ќе биде многу лесен, истакна претседателот на комисијата за економија Фатмир Битиќи на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Велес.