Заев на трибина во Велес: Македонскиот идентитет денес е обезбеден, признаени сме од целиот свет а соседите ни се пријатели
Велес е камен темелник, чувар на македонскиот идентитет, култура и јазик и горд сум што денеска овде можам да кажам дека тој е загарантиран и обезбеден, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Велес.
-Денес нашиот јазик, нашиот идентитет се загарантирани и признаени од целиот свет. Нема веќе негирање на нашата македонска посебност. Тоа е резултат од решавање на крупните прашања, а придобивките ги гледаме секојдневно, најмногу во економијата. Денеска сме партнери сојузници со Бугарија и Грција, таму не водат нашите политики. Договорите куќа градат, велат старите. Затоа денеска сме почитувана земја, рече Заев.
Од Хаџи Константинов Џинот, преку Рајко Жинзифов, Васил Главинов па до Панко Брашнаров и Кочо Рацин, Велес го крчеше патот кон слободата, кон напредокот и развојот. Како многу пати досега Велес ја го трасирал патот кон напредокот, кон развојот. Така е и денес. Така ќе биде и на 12 април, заклучи Заев.