24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Анѓушев за одлуката на ДКСК: Работам согласно Уставот и законите

„Категорично изјавувам дека во извршувањето на функцијата заменик претседател на Владата задожлен за координација на економските ресори во целост се придржувам кон почитување на законските прописи. Соодветно на тоа и во комункацијата со сите останати институции во државата се водам од интересите на државата и граѓаните согласно законските прописи“, с евели во писмената реакција на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев на одлуката на ДКСК.

„Постапувајки по предметите иницирани пред ДКСК ги доставивме сите побарани податоци и документи со цел да им овозможиме да ја утврдат материјалната вистина. Во конкретниот случај за намалување на царинските стапки за литиум-јонски батерии за акумулатори уште еднаш потврдувам дека во предметот имам доставено изјава со која се изземам од постапување и одлучување. Не ги знам причините поради која антикорупциската комисија ја донела одлуката. Откако ќе ја добијам на писмено ќе можам да дадам коментар за истата.

Убеден сум во законитостат и исправноста на моето работење и ќе ги преземам сите неопходни дејствија пред надлежните органи за да се докаже вистината, бидејки не сум го прекршил закските прописи.Владата во полн капацитет одлучува по сите прашања што се поставуваат на владина седница и секаде каде што е можно да дојде до конфликт на интереси уредно сум се пријавил и сум поднел изјава согласно законот“, се вели во соопштението.

Антикорупциската комисија го затвори предметот познат како „Тополки“ во кој беше инволвиран вицепремиерот Кочо Анѓушев, а се однесуваше на изградбата на хидроцентрала во националниот парк „Маврово“. Комисијата утврди дека Анѓушев го пријавил својот интерес и се иззел од сите седници на Владата на кои се расправало за концесиите, нивното доделување и роковите, а со тоа го затвори и го архивира предметот.Сепак, комисијата одлучи да побара од Владата да се преиспита влијанието на малите хидроцентрали врз животната средина во националниот парк Маврово, согласно препораките од Европската Унија.