24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Минималната плата расте на 14.500 денари, 90.000 граѓани добиваат повиоска плата за декември

Минималната плата расте на историски највисоки 14.500 денари. Веќе со декемвриската плата околу 90.000 граѓани ќе добијат покачување на месечните примања. Тоа е зголемуваме за 5.500 денари или над 60 отсто на минимланата плата за само две и пол години, соопшти денеска СДСМ.

„Со новото зголемување на годишно ниво дополнителни 66.000 денари ќе завршуваат кај граѓаните кои земаат минималната плата.

Ова е уште една мерка која има за цел да обезбеди повисоки плати, но и да го намали економскиот јаз.

Дополнително, парламентарното мнозинство гo усови и предлог Законот за субвенционирање на придонесите од задожителното социјално осигурување.

Придонесите за задожителното социјално осигурување ќе бидат субвенционирани за сите прептријатија кои ќе им ја покачат платата на своите вработени до 6.000 денари.

На прав пат сме. Остануваме посветени на раст на платите и повисок животен стандард за сите граѓани.“ – се вели во соопштението на владејачката партија.