23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера во Тетово била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси комбиња.

Со контролата било утврдено дека 14 возила имале неисправни сопирачки, едно истечена регистрација и осум биле со неизвршен технички преглед, велат од МВР.

Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. Соодветно се санкционирани и 4 други видови прекршоци.

Акциска контрола за техничка исправност на возилата, пред два дена била спроведена и на гостиварското подрачје. Притоа, кај пет возила била откриена неисправност на сопирачките, а едно возило било со истечена регистрација, поради што тие се исклучени од сообраќај и санкционирани со соодветни налози.