25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Продолжен рокот за поднесување барања за користење средства за мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“

По барање на заинтересираните странки, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го продолжи рокот за аплицирање за мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ која се финансира од ИПАРД 2 програмата. Наместо до 18 ноември сите заинтересирани, апликациите ќе може да ги доставуваат до 3 декември.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение за јавноста информира дека со оваа им се дава доплнителна можност за прибирање и комплетирање на целокупната документација која е потребна за аплицирање за добивање на средствата.

Преку Јавниот повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата, вкупно на располагање се 16,6 милиони евра. Оваа мерка овозможува реализација на инвестиции во модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна риба, сместувачки капацитети како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги.

Согласно програмата до 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција ќе им бидат вратени на апликантите преку средствата од ИПАРД 2 Програмата.