24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Изморена е државата од поделби, реваншизми и од непријатни ситуации

Премиерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „Фроонтлајн“ вели дека држават е изморена од поделби, од реваншизми и од лоши, непријатни ситуации, каде што се гледа дека брат против брат удрил, луѓе против луѓе.

– Ние сме мала земја. Јас многу често ја користев фразата – браќа сме, толку сме, роднини фаќаме, мала ни е државата… Верувам дека, ако успееме да се надминеме во сите тие наши поделености – треба да има различности, во ред е да бидеме различни со сè – но не треба тоа да роди гнев, не треба да роди реваншизам, освета или слично, затоа што, ако се надминеме, верувам дека многу ќе ѝ бидеме од помош на државата. Две и пол години, еве две години и пет месеци, откако ја имам честа да ја водам извршната власт и ова парламентарно мнозинство кое што опстојува, испративме пораки на помирување, направивме чекори каде треба да си подадеме рака, им кажавме на сите кои се дури и од противничкиот табор, на набабрената јавна администрација од противникот во минатите 11 години: Дечки, фер шанса за сите, дајте, работете, вели Заев.