Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Се гледаат промените во политиките за младите и нивната перспектива, на прав пат сме!

Почитувани млади луѓе на вас е да ги движите промените кои се случуваат и да делувате во интерес на вашата иднина и идинината на државата. Ние како политичари креираме таков амбиент и нема да застанеме, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната младинска трибина во Скопје.

-Ваша е иднината и ваша е обврската да се борите за иднината ваша и на вашата земја, ние како политичари ќе продолжиме да креираме таков амбиент, позитивен. Вие прогресивните млади луѓе го знаете повеќе од било кој друг човек, прогресот е тој што движи напред. Со нашите политики сите добиваат, гледаме покачување на платите, на условите. Добиваат лекарите, војниците, администрацијата, професорите, вработените во социјалата, бизнис секторот, фирмите…Но пред се младите. Сосема се различни политиките од она што беше порано. Затоа сето ова што се случува е показател дека сме на вистинскиот пат. А вие, со вашето присуство денеска покажувате дека ова е патот, дека се борите, дека дома е најдобро! Продолжуваме по вистинскиот пат, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Нов ужас во Македонија: Ја грабнал од дворот и со ауди ја однел во напуштен објект каде ја тепал, па ја силувал додека била во бесознание

ДЕСК

Што значи дожд на Митровден: Каква година најавува овој ден?

ДЕСК

Вонредни најави: Серија влажни бранови ја зафатија Македонија, некаде ќе има и обилни поројни дождови

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.