Љубомир Марковиќ Кича вечерва е убиен во Белград. Водачот на навивачката група на Партизан, Гробари бил застрелан со два куршуми во глава.
Марковиќ беше познат како еден од навивачите на Партизан кои го усмртија навивачот на Тулуз, Французинот Брус Татон кој беше брутално убиен во Белград.
Првично доби 30-годишна, а потоа 15-годишна затворска казна, за да излезе од затвор во 2017 година.