Денешната средба за зголемувањето на платите за просветните работници заврши без конечен договор.
Министерството за образование (МОН) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) успеале ги приближат ставовите, а разговорите ќе продолжат наредната недела.
Министерот за образование, Арбер Адеми, по завршувањето на средбата во Владата, изјави дека Министерството и Синдикатот се на добар пат да постигнат решение.
„Важно е дека има приближување на ставовите. Ние како Влада сме заинтересирани да ги подобриме ситуацијата и социјалниот статус на вработените во дејноста образование“, рече Адеми.
Претседателот на Синдикатот, Јоаким Неделков, исто оцени дека е постигнат напредок, но посочи дека има уште многу работа до конечното решение. Тој најави дека следната недела ќе бидат остварени уште неколку средби меѓу Синдикатот и МОН.
СОНК бара зголемување на платите, кое ќе биде поголемо од десет проценти и ќе почне од 1 јануари в година. Од друга страна, МОН предложи платите да се зголемат 10 проценти од април. Од Синдикатот не се согласуваат со предлогот и најавуваат генерален штрајк, што би се одржал на 11 ноември доколку не бидат исполнети нивните барања.