24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична против ексдиректор на комуналното претпријатие во Кратово

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М. Ц. (61) од Кратово поради основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Според информациите од МВР, пријавениот од 1.2.2018 до 1.4.2019 година, додека ја извршувал функцијата директор на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура Кратово – Кратово, ја злоупотребил својата службена положба и овластувањето со неизвршување на својата службена должност и самоволно, без да биде објавен јавен оглас и да спроведе тендерска постапка за доделување и склучување договори за јавна набавка, набавувал стоки со вредност поголема од 500 евра и изнајмувал други услуги без никакви договори од разни правни лица од земјата, со што извршил противправен промет на стоки и работи во вкупна вредност од 1.933.706 денари, кои се исплатени од сметката на ЈПКДИ Кратово – Кратово на наведените правни лица, со што го оштетил буџетот на државата./Makfax