7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Порака на обвинет во „Монструм“: „Ми се погоди мрсен батак, го оставив до пола“

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ се прочитаа неколку СМС пораки и транскрипти од разговори на дел од обвинетите за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, каде беа убиени пет млади момчиња, јави Press24.mk.

Јавноста имаше можност да слушне разговор на обвинетиот Алил Демири со непознато лице, кој бил снимен со употреба на Посебни истражни мерки.

Тој го прашува „Да не те боли желудникот”, а Демири вели „ Ме удри мрсното во глава“ со смеење.

Потоа соговорникот го прашува дали јадел денес, а Демири вели: „Батакот ми се погоди многу мрсен и го оставив до пола, вели обвинетиот и повторно се смее.

„Го фрли ли бурето“, прашува Демири, а соговорникот му вели дека го фрлил во каналот, за што обвинителката Гешкоска вели дека бурето било всушност оружјето со кое било извршено петкратното убиство.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Можеби ќе ве интересира

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДЕСК

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК

Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи – имунизацијата е најефикасна мерка за заштита на здравјето

ДЕСК