До вторник ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Промена на временската состојба со наоблачување и намалување на дневната температура се очекува од среда (30.10).
Утре ќе биде Сончево, во текот на денот топло со слаб ветер претежно од источен правец.
Позначително опаѓање на температурите се очекува следната среда кога температурата ќе изнесува околу 18 степени целзиусови.
Од четврток 31 октомври, се очекуваат и врнежи од дожд кои ќе траат се до понеделник, 4 ноември.
Температурите ќе се спуштат на 16 степени.
Од 5-ти ноември се очекува драстично заладување кога температурите ќе паднат меѓу 8 и 10 степени.
Детална прогноза за следните неколку дена:
Прогноза за 26.10.2019
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 21°С до 28°C
Сончево, во текот на денот топло со слаб ветер од североисточен правец.
Прогноза за 27.10.2019
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 22°C до 29°C
Сончево, во текот на денот топло со слаб северен ветер.
Прогноза за 28.10.2019
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Сончево, во текот на денот топло со слаб северен ветер.