Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција за собирање финансиски средства за четиригодишната Симона, која боледува од леукемија. По тој повод, в недела ќе се организираат низа настани за донации во Скопје ЗОО.
„Апел до сите хумани граѓани да се приклучат во хуманитарната акција! Четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, за жал, боледува од акутна нелимфобластна лекумија. Деновиве се собрани над 30.000 евра, а малата Симона со родителите веќе се во Загреб. Потребно е да соберат 140.000 евра за лекувањето. Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција и ги повикува сите посетители да донираат за Симона в недела (27.10). Од 9:00- 18:00 ќе бидат поставени кутии за донации, а во меѓувреме ќе може да се дружите и фотографирате со омилените дизни-маскоти, да гледате бесплатно магионичарско шоу и многу други содржини преку кои ќе помогнеме да се соберат средства за малата Симона. Да бидеме хумани, да спасиме еден млад живот. За среќно детство на Симона! Броеви за донации: Телеком 143 424, А1 143 460“, се вели во апелот.