Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ официјално стана дел од големото европско семејство на женски унии во рамките на десните партии во Европа. Унијата на жени е примена за членка на Организацијата на жени на Европската народна партија (EPP Women), на Конгресот кој се одржa во Виена од 18-19 октомври 2019 година.
Приемот на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ следи откако Унијата ги помина сите потребни процедури кои следеа по поднесувањето на апликацијата за членство во март минатата година. Имено откако ме назначија за претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ веднаш формирав тим во декември 2018 година од членки на ИК на УЖ за подготовка на обемната документација која што ја бара зачленувањето во ЕПП, рече Благица Ласовска, Претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
„Воедно ја користам приликата јавно да им се заблагодарам за нивната посветеност на членките на тимот на УЖ кои со својата работа допринесоа ова членство да стане реалност. По комплетирањето на документацијата, веќе во март апликацијата беше поднесена и следуваше почитување на процедурите кои ги бара организацијаа на жени на ЕПП. Програмата која ја поднесовме беше оценета како исклучителна и беше прифатена од сите членки на организацијата на ЕПП.
Со овој прием се заокружува вклученоста на сите структури на партијата во Европската народна партија, која е најбројната партија во Европскиот парламент и се потврдуваат европските аспирации на ВМРО-ДПМНЕ и придонесот на жените во креирањето на политики на европско ниво. Во рамки на програмскиот дел, на Конгресот на женската организација на Европската народна партија е усвоена и резолуцијата “Женски визии за подобра Европа” која се однесува на приоритетите за делување на Европската комисија во периодот 2020-2024 година.
УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во идниот период активно ќе учествува во креирањето и градењето и на политки од значење за жените од полето на родовата еднаквост која е наша обврска и зацртана цел, така и за креирање на поле за активно вклучување на жените во политиката. Претставничките на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во текот на средбите со политичари и функционери од женската унија на ЕПП ги информираа своите соговорници за недемократското и расипничкото владеење на владата на Зоран Заев.
Во билатералните средби со членките на женската организација на ЕПП беше искажана јасната и недвосмислена поддршка и посветеност на ВМРО-ДПМНЕ кон европскиот па на Република Македонија. УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да биде активен чинител во придвижување на Македонија кон Унијата и запазување на европските вредности“ порача Ласовска./Makfax