Околу 200 првачиња од целата земја не следат настава бидејќи не се вакцинирани. Ова го покажуваат досега обработените податоци што Министерството за образование и наука кои ги добило од терен од просветните инспектори.
По тој повод, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека се разгледуваат сите опции околу законскиот аспект и бројот на незапишани деца на национално ниво.
Адеми истакна дека имал неколку средби со родители на невакцинираните деца и е во постојана комуникација со Министерството за здравство.
„Податоците на кои се повикуваат родителите во врска со вакцинацијата, како и оние за досега незапишани првачиња ќе ги отворам на посебна седница на Владата“, изјави министерот пред состанокот на работната група за концептот за инклузивно образование./Makfax