23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Денови што никогаш не се случиле

Дали сте слушнале за кој било  настан што се случил меѓу 5 и 14 октомви 1582 година? Одговорот е сигурно не, бидејќи станува збор за денови кои всушност никогаш не се случиле.

Станува збор за многу интересен историски феномен. Имено, во 1582 година папата Гргур XIII издал декрет со кој вовел реформа на постоечкиот, Јулијански календар. Новиот календар и денес се употребува во поголемиот број земји и е познат под името Грегоријански.

Со Грегоријанскиот е заменет дотогаш важечкиот календар, кој Јулије Цезар го вовел во 46. година пред новата ера (Јулијански календар).

Бидејќи од воведувањето на Јулијанскиот до воведувањето на Грегоријанскиот календар се појавила разлика од 11 дена, папата Гргур едноставно наредил овие „денови вишок“ да се избришат како никогаш да не постоеле.

На тој начин по 4 октомври 1582 година следел 15 октомври 1582 година.

Разликата меѓу „стариот“ и „новиот“ календар постојано се зголемува. Моментално Јулијанскиот календар „доцни“ зад Грегоријанскиот 13 дена, во 2100 година таа разлика ќе биде 14 дена, во 2200 година – 15 дена, а во 2300 година – 16 дена.