Само ако останеме на правиот пат од државата може да направиме квалитетно и удобно место за живеење, во кој секој ќе ја гледа својата иднина. Истакна претседателот на Комисијата за економија на СДСМ Кирил Колемишевски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струга.
Колемишевски се осврна на економските политики на СДСМ, кои даваат очигледни и реални резултати. Економијата од минуст за само две години бележи раст на БДП од над 4 насто, директните странски инвестиции од минорни бројки во 2018 година се искачија на на 624 милиони евра. За три години минималната плата се зголеми за 5.500 денари од 9 на 14.500 денари, нагласи Колемишевски, и ги повика сите работници на кои газдите им бараат пари назад слободно да ги пријават.
Тој најави дека со ваквот темпо на раст на платоте, до крајот на 2020 минималната плата ќе се искачи на 16.000 денари, а просечната на 30.000 денари.
Со младинските и економските политики на СДСМ, младите повеќе нема да се иселуваат, тука ќе имаат услови за добро платена работа, бидејќи ние се грижиме за граѓаните, вложуваме во нив, а не во споменици, истакна потпретседателот за економија на СДСМ Кирил Колемишевски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струга.