24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев – Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за старт на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за старт на преговорите за пристапување во членство за Република Северна Македонија, и тоа ќе биде силна порака и за другите земји во регионот дека донесувањето тешки и одговорни одлуки, како и длабоките реформски процеси се влог за подобра иднина, е заедничкиот став од денешната средба на премиерот Зоран Заев и потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс, соопшти Владата.

„Позитивна одлука на европските лидери за старт на преговори со Северна Македонија е логичен одговор за признавање на досегашните испораки на земјата и силен поттик за континуитет на реформите во насока на постигнување на европските стандарди“, рекол Заев.

Тој потенцирал дека секое одлагање на почетокот на преговорите ќе ослободи простор за влијание на трети страни на кои демократските вредности не им се приоритети.

Потпретседателот на Европската Комисија, Тимерманс од своја страна нагласил дека политиките и остварувањата на Владата на Северна Македонија се за почит и дека имаат силна поддршка од европските институции и од огромното мнозинство на земјите членки на ЕУ кои се за почеток на преговарачкиот процес за членство.