24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Опозицијата ќе поднесе предлог-закон за зголемување на пензиите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата денеска во Собрането ќе поднесе предлог – закон за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој повторно бараме да се врати старото законско решение со кое изминатите години пензинерите континурано добиваа зголемување на пензиите.Со овој предлог закон пензионерите ќе продолжат да си го добиваат заслуженото покачување на пензиите, изјави Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, со овие законски измени што ги предлагаат ќе се укине штетниот закон кој го донесе СДСМ со кој им се скрати правото на поголема пензија од околу 500 денари на над 310 илјади пензионери.

,,Со предлог законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување што го поднесуваме се врши враќање на предходното законско решение со кое се вршеше усогласување на пензиите на многу поповолен начин отколку со измените кои што ги спроведе Владата на СДСМ во овој закон. Со законските измени на СДСМ се врши усогласување на пензиите, но не и реалното зголемување. Власта веќе три години брутално манипулира и си игра со трпението и достоинството на пензионерите. Наместо ветеното зголемување на пензиите, пензионерите од СДСМ добија кратење на пезиите на тој начин СДСМ им ја намали куповната моќ.За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и кога е на власт и кога е во опозиција секогаш е тука и се грижи за потребите на граѓаните со посебен респект на пензионерите.

Апелираме до колегите од парламентарното мнозинство да го прифатат овој предлог закон кој што ќе го подобри квалитетот на живот на оваа категорија на граѓани. Сметаме дека грижата за пензионерите треба да биде континуирана секоја година како што правеше ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт, а не на нив да се мисли дсамо кога се ближат избори како што тоа го прави оваа Влада предводена од СДСМ. Почитувани пензионери, Вие заслужувате достоинствени и спокојни денови, а ние сме тие кои што имаме обврска да ви ги обезбедиме“, додаде таа./Makfax