25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тетовец под истрага за чување на оружје и муниција во својата куќа

Тетовското основно јавно обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 68-годишен жител на тетовското село Церово во чија семејна куќа биле пронајдени оружје и поголемо количество на муниција, кои на граѓаните им се забранети.

Како што информираат од МВР, на 11. октомври при извршен претрес во домот на осомничениот пронајдени биле 15 куршуми калибар 7,62 милиметри долго зрно, 11 патрони ловна муниција калибар 12 милиметри, 2 патрона ловна муниција 16 милиметри и ловна пушка „бокерица“ калибар 12 милиметри без фабрички број.

Тетовецот се товари дека сторил кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Основниот суд Тетово на осомничениот му определил куќен притвор во траење од 30 дена./Makfax