12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Едно лице под истрага за поседување оружје

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, 68-годишен жител на село Церово, општина Желино, на 11-ти октомври во семејната куќа држел оружје и муниција од поголемо количество кои на граѓаните им се забранети. При извршен претрес во домот на осомничениот пронајдени се 15 куршуми калибар 7,62 мм долго зрно , 11 патрони ловна муниција калибар 12 мм, 2 патрона ловна муниција 16 мм и ловна пушка „Бокерица“ калибар 12 мм без фабрички број.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице . Судот на осомничениот му определи куќен притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија ја потресе попладнево Македонија: Загина едно лице, 18 годишно момче е тешко повредено при директен судир на две возила

ДЕСК

Синоптичарите со нови најави, следува пад на температурите – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Митовски: Ќе ставиме крај на дивите депонии во Јурумлери, на нивно место ќе никнат паркови и игралишта

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.