23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

4 намирници кои никако не смеете да ги замрзнувате

Замрзнувањето е многу ефикасен начин кога сакате да ги сочувате намирниците, но некои намирници не е добро да ги замрзнувате бидејќи веќе нема да бидат здрави, а нема да го имаат и истиот вкус.

1. Храна која содржи голема количина течност

Краставици, ротквици, лубеница и портокали никако не смеете да ги замрзнувате. Овие намирници се преполни со течност која за време на процесот се кристализира и по одмрзнувањето целосно ја менува структурата. Од друга страна, свежата зелена салата ќе овене и ќе ја промени бојата.

2. Млечни производи

Иако замрзнувањето јогурт, свежи, кремасти и полутврди сирења нема да му наштети на вашето здравје, овие намирници не би требало да се најдат во вашиот замрзнувач. Многу ниската температура влијае на изгледот и структурата на млечните производи по одмрзнувањето, па тие, слично како и свежото овошје и зеленчук, ќе станат воденести и нема да бидат ни приближно вкусни како свежите.

3. Свежи и варени јајца

Јајцата најдобро е да се користат свежи. Замрзнувањето јајца може да создаде проблеми, но и целосно да ја промени структурата на намирниците. Замрзнатите јајца ќе станат „гумени“. Ако сакате да замрзнете јајца, извадете ги од лушпата, па ставете ги во замрзнувач во садови или кеси.

4. Пржена и печена храна

Веќе подготвена храна, пржена во масло или на скара, по замрзнувањето нема да биде иста. Нејзината крцкава структура и вкус целосно ќе исчезнат. Избегнувајте замрзнување печена храна.