Зад организацијата на дводневната манифестација „Демир Хисар сака рокенрол 2“ стои демирхисарскиот рок бенд Revelation, а истата е поддржана од Министерството за култура, а ќе се оддржи Овој петок и сабота (18 и 19 октомври) во Демир Хисар.
„Демир Хисар сака рокенрол”, втора година по ред се одржува во Домот на културата „Илинден“.
Во првата првата вечер е планирано дебатно кино со проекција на филмот „Hype“.
Дебатата ќе ја води професор Александар Талевски, професор по гитара во Државното музичко училиште во Битола и активен музичар, член на бендот Supernova, додека пак за втората вечер е најавен рок-концерт на кој ќе настапат бендовите Revelation, Supernova, Зашо така и Jam & Jelly.