Општина Аеродром во соработка со Центарот за јавно здравје го почна спроведувањето на есенската дератизација за уништување на глодачите на целата територија на Општината. Акцијата почна минатата недела и ќе трае во наредните три недели.
При дератизацијата ќе бидат опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, а ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинки во Општината.
Од општината појаснуваат дека есенската и пролетната дератизација претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите./Makfax