23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев со порака до лидерот на ДПМНЕ: Oд плати не се станува газда на хидроцентрали – секој што се огрешил да одговара, кај нас нема ни бесење ни стрелање, затвор е казната!

– Бандитска работа, советник бил на Груевски, про боно, па не бил про-боно, видовме за пари работел, башка паралелно правел конструкции за да дава дозволи за хидроцентрали и за сите други енергетски согласности, и од тука доаѓаат парите. 7-8 посто од толку хидроцентрали се огромни пари, од плати не се станува газда на хидроцентрали. И тој мисли сега ако ги продаде ќе ги затвори трагите, не, секој што си се огрешил треба да си одговара, и рековме кај нас нема ни бесење, ни стрелање, затвор е казната, рече премиерот Зоран Заев на денешната партиска трибина на СДСМ во Куманово, одговарајќи на прашање на граѓанка.

– Секој што си се огрешил ќе си одговара. Да видиме тоа од кој се финансирал на изборите, како тоа лажат. На времето по три милиони евра имаа пари кои што не им биле наплатени од медиумите, и се рекламираа и никој пат медиумите не им ги земаа парите, застаруваа. Сега прават нови глупости, променивме некои закони за тоа да не се случува, сега пак прават глупости, бандит е бандит, останува бандит. Затоа сакаат повторно да се вратат и да ја дораскрчмат оваа земја. Нема да им дозволиме. Затоа што размислуваат криминално, затоа што бараат власт заради пари, затоа што имв икавме дајте рамо до рамо да одиме во европскиот пат, не се скрија кога требаше важните одлуки да се носат.