На 11.10.2019 во 02,45 часот во Полициска станица Аеродром бил лишен од слобода И.Д.(69) од Скопје.
Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека И.Д. во парк на булевар „Видое Смилевски Бато“ пукал кон кучиња со пиштол „црвена застава“.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок..