8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Видео + Фото: Љупчо Николовски: Честит 11 октомври, заветот на борците е наша водилка, продолжуваме по патот на слободата, еднаквоста и сигурноста!

Интегрален текст од обраќањето на Генералниот Секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на традиционалниот пикник по повод 11 октомври:

Честит 11 октомври, заветот на борците е наша водилка, продолжуваме по патот на слободата, еднаквоста и сигурноста!

Нема поголема чест од тоа да се обратам, во присуство на целото раководство на СДСМ, токму од тука од Куманово и во име на СДСМ да го честитаме празникот 11-ти октомври.

Од градот херој кој не само што беше меѓу првите во народното востание туку ги даде и најголемиот број на народни херои.
Херои, борци, учесници во НОБ – Ви благодариме!

Ви благодариме што се вградивте во темелите на нашата македонска држава!

Ви благодариме што застанавте на страната против фашизмот!

Ви благодариме затоа што без вашата жртва, без вашата решителност и храброст немаше да можеме денеска да зборуваме за иднината.

Почитувани граѓани,

Заветот од учесниците на НОБ, она за што се изборија, а тоа е слободна и напредна држава во сојуз со прогресивните сили, мора да го чуваме и сите да бидеме посветени на тоа.

После 78 години повторно сме на чекор од остварување на уште една стратешка, национална, граѓанска цел: членство во НАТО и ЕУ!
Е тоа е вистинскиот патриотизам на денешното време, на денешната историја и на овие генерации.

Затоа велиме дека сме на прав пат! Продолжуваме, по патот на слободата, еднаквоста, патот на сигурноста!
Нека е честит 11 октомври!

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК