23.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски: На 11 Октомври борците ја избраа страната на прогресивниот свет, да го направиме тоа и денес

Во 1941 година, кога поголемиот дел од Европа и ние овде бевме окупирани од фашизмот, храбрите борци на партизанските одреди во Прилеп и Куманово ги нападнаа симболите на непријателите на слободата, вели во своето обраќање по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, претседателот Стево Пендаровски.

„Водени од вербата во правда, еднаквост и човечност, партизаните успеаја да го обединат и поведат народот во антифашистичка, народноослободителна борба. Во движењето на отпорот се вклучија граѓани од секоја етничка, верска и социјална категорија. Неколкуте партизански одреди прераснаа во баталјони, бригади, дивизии и корпуси на стоилјадната македонска војска. Останувајќи дел од големата антихитлеровска коалиција до крајот, македонските граѓани ја избраа страната на прогресивниот дел од човештвото“, нагласува Пендаровски и додава дека таа славна генерација се изборила за македонската слобода и државност.

Понатаму, претседателот додава дека сега останува на денешните граѓани да го следат нивниот пример и, како што вели, сите заедно да ја преземеме нашата генерациска одговорност.

„Преку граѓанско помирување и солидарност да постигнеме внатрешно единство ако сакаме да ја реализираме нашата заедничка цел – трансформација на Северна Македонија во напредна и просперитетна држава – членка на НАТО и на Европската Унија“, порача Пендаровски.

Претседателот повикува со единство за најважните работи, да градиме држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина, на крајот честитајќи го Денот на народното востание.