24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Индискиот кандидат за Гинис тврди дека има 123 години

Свами Сивананда се појавил на аеродромот во Калкута, Индија и ја изненадил управата на аеродромот кога го покажал пасошот во кој било наведено дека е роден на 8 август 1896 година и сега има 123 години.

Сивананда е роден во Бехали, Индија, а бил одгледан од индиски духовен водач. Тој тврди дека тајната на неговата длабока старост е во долгогодишното практикување јога, како и во целибатот и консумирањето храна без зачини.

Неговиот пасош ја заинтригирал управата на аеродромот кога се упатил кон Велика Британија од Индија. Тие ја провериле исправноста на неговиот пасош и добиле потврда дека е целосно функционален, но потоа заклучиле дека е можно датумот на раѓање на овој човек да не бил правилно внесен во неговите документи. Сивананда им објаснил дека неговите родители го напуштиле веднаш по раѓањето, па податоците за неговото раѓање биле внесени дополнително.

Сепак, ако неговите информации се точни – тоа ќе го направи најстарата личност на светот. Досега титулата ја имаше Французинката Жан Калман, која почина во 1997 година кога имала 122 години и 164 дена.

Гинисовата книга на светски рекорди го има предвид Индиецот за преземање на титулата најстара личност на светот, но од таму сметаат дека не е лесно да се утврди неговата вистинска возраст, пренесува Klix.ba./Makfax