Четириесет и петгодишен жител на Неготино починал вчера поради превртување на тракторот со кој работел на нива во атарот на селото Тимјаник.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Неготино./Makfax