Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 31 возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи, од кои: девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП.
Исто така, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, три возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 19 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 15 возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се четири пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени е 71 мандатен платен налог, а 68 возила се подигнати со специјално возило „пајак”./Makfax