24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Бачовски: Обезбедени се 16.5 милиони евра од ИПАРД 2 програмата за развивање на руралните средини

Од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој објавен е јавен повик за мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на мали бизнис од ИПАРД 2 програмата кој ќе биде отворен до 18-ти ноември. 16.5 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците, угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини, објави Никица Бачовски, член на Комисијата за земјоделие и рурален развој на СДСМ.

„Со оваа финансиска инекција, имплементирана преку министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, а поддржана од Европската Унија, ќе се изврши поврат од 65% на сите прифатливи инвестиции за преработка на прехрамбени и непрехранбени производи, на инвестициите во развој на занетчиските производи , инвестициите во услуги за руралното население и инвестициите во промоција на руралниот туризам“, рече тој.

Со имплементацијата на оваа мерка, рече Бачовски, во македонските села и рурални општини ќе никнат нови производствени капацитети, занаетчиски работилници, приватни градинки и домови за стари лица, ветеринарни станици, сместувачки, угостителски објекти за гастро – туризам и информатички и спортско – рекреативни центри.