23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Државна лотарија со нова веб страна: Наскоро, ONLINE уплата за ЛОТО 7 и Џокер

Државна Лотарија на свое големо задоволство најавува дека подготви нов изглед на добро познатата веб страна www.loto.mk, која доби нова подобрена функционалност и најважно од се, наскоро ќе се претвори во постојано отворен канал за учество во игрите на среќа ЛОТО 7 и ЏОКЕР.

Веќе подолг временски период, тимот на Државна лотарија напорно работи на приближување на можноста за учество во игрите на среќа до граѓаните ширум земјата. Едновремено со збогатување на портфолиото игри на среќа и зголемувањето на бројот на уплатно-исплатни места, како членка на Европската асоцијација на лотарии, внесе голем број новини по углед на државните лотарии на Европа. Овој пат, нашата Лотарија е подготвена да одговори на предизвикот и барањата на новото време и преку својата нова бев страна да овозможи учество во игрите на среќа кои ги приредуваме.

Овој сериозен проект веќе може да се види со клик на www.loto.mk.

Новата веб страна, која е со нов изглед и нова функционалност, ќе понуди многу новини и информации за играчите на игрите на среќа чиј приредувач е Државна Лотарија. Играчите кои сакаат да продолжат да уплаќаат на своите среќни места, на новата веб страна поедноставно ќе доаѓаат до резултатите и поедноставно ќе проверуваат добивки. А оние кои до сега не учествуваа во игрите на среќа Лото и Џокер заради немање време за чекање на продажно место, наскоро ќе добијат свое мобилно среќно место и ќе можат да се вклучат во игра од било каде и во било кое време.

Се зајакна и тимот на контакт центарот кој веќе почна да работи со ново, продолжено работно време: од 8:00 – 22:00 од понеделник до сабота, а во неделите од 8:00 до 16:00.

Покрај досегашниот телефонски број на Контакт центарот – 02 323 7777 и Е-меил адресата helpdesk@loto.mk, додаден е и број на вибер за корисниците на мобилна телефонија 076 313 052.

Наскоро, наместо да барате продажно место, наместо да чекате во редот за уплата на ЛОТО 7 и Џокер, можноста за учество во игрите на среќа на Државна Лотарија, ќе ви биде достапна во вашиот дом, во вашето омилено кафуле, на пауза во канцеларија, на вашата автобуска постојка и насекаде каде што сте ONLINE.

Новата веб страна ќе ги содржи сите информации и за останатите игри на среќа како инстант лотарија и електронските игри КЕНО и Среќни Топчиња.

Пред да го објавиме официјалното отворање на можноста за ONLINE уплата за учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, Ве покануваме да ја посетите www.loto.mk.