23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонската полиција во акција: Уапсени осум лица

Околу 00.10 часот во тетовското село Пирок, полициски службеници на СВР Тетово го привеле А.С.(21) од Добридол, гостиварско, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Претходно во 21.30 часот во тетовското село Горно Седларце, со судска наредба бил приведен В.Ш.(36) од селото, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. В.Ш. бил предаден во Казнено-поправната установа „Тетово“ за издржување на затворската казна, а во 04.10 часот на Граничен премин „Табановце’’ од слобода бил лишен Ж.Б.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Исто така, на Граничен премин „Табановце’’ бил приведен А.Ш.(35) од Мала Речица, тетовско, поради тоа што бил предмет на потрага за издржување казна затвор за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот’’.

Во 07.05 часот на Граничен премин „Табановце’’ од слобода биле лишени M.Л.(28) и Х.Н.(33), двајцата од Албанија, поради тоа што при пасошка контрола приложиле патни исправи за кои постои основи на сомнение дека се фалсификувани.

Во 13.00 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“ бил приведен С.И.(33), затоа што бил предмет на меѓународна потерница од Косово. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Потоа, во 14.00 часот во СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификувани исправи“, од слобода бил лишен С.Ф.(31) од Р.Албанија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.