23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца турски државјани кои се движеле околу кругот на Министертството за одбрана

На 30.09.2019 во 23.50 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека од страна на АРМ биле задржани двајца странски државјани, кои неовластено се движеле во кругот на Министерството за одбрана.

Лицата биле приведени во Полициската станица Центар и било утврдено дека станува збор за Б. А.(19) и Т.Е.Ш.(20), двајцата од Република Турција. Се работи на расчистување на случајот.