Од следната година Амстердам ќе им наплаќа уште повисока туристичка такса на своите посетители, која би можела да стане највисоката во Европа.
Престолнината на Холандија ќе додаде данок од 3 евра по лице од вечер за патниците кои престојуваат во хотели, згора на оние 7 отсто од цената на собата што веќе ги наплаќа.
Овој потег значи дека за ноќ во хотел со една ѕвезда во Амстердам речиси сигурно ќе се плаќа поголем данок од оној во најдобрите хотели со пет ѕвезди во другите поголеми европски метрополи.
Тим Ферхурст, директор за политика за ЕТОА (Европска асоцијација за туризам), изјави за Си-Ен-Ен дека тоа веројатно ќе ја направи просечната туристичка такса во Амстердам највисока во Европа.
Како за пример, хотелот со една ѕвезда „Рембрант Сквер“ на 28 март нуди двокреветна соба со заедничка бања за 132,46 евра. Згора на тоа, туристичката такса ќе достигне 15,97 евра – 9,97 евра за данок на соба плус 3 евра по патник.
Во Берлин, каде што туристичката такса е 5%, најскапиот хотел на тој датум – хотелот „Адлон Кемпински“, каде што престојувале Барак Обама, Анџелина Џоли и Мајкл Џексон, наплаќа 249,35 евра за собата и 11,65 евра за туристички данок.
Рим во моментот има највисок фиксен данок во Европа од 7 евра по лице за вечер во хотел со пет везди. Тоа значи дека дури и соба во хотелот „Де Руси“, која чини 815 евра на 28 март, ќе претрпи помал дано, 14 евра, од хотел со една ѕвезда во Амстердам.
Дури и во јануари, надвор од туристичката сезона, за една ноќ во највисоко рангираниот хотел со една везда во Амистердам ќе треба да се плати повисок туристички данок отколку за престој во еден од 11-те хотели во Париз за кои се проценува дека се толку „исклучителни“ што се над пет ѕвезди.
Децата под 16 години се ослободени од новиот данок на Амстердам, а камповите ќе наплатуваат само едно евро по лице.
А ако изнајмувате преку Airbnb, постојната такса ќе се зголеми на 10% од цената за изнајмување.
Ваквиот чекор доаѓа како резултат на преголемата посетеност на Амстердам, кој се бори со напливот на туристи. Секоја година градот го посетуваат 18 милиони посетители.