9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Објавен списокот на најбогатите Германци според списанието „Менаџер“

Членовите на семејството Рајман, кое управува со империјата за производство на кафе и шампон, се најбогати Германци, според списокот на списанието „Менаџер“.

Со богатство од 35 милијарди евра, оваа претприемачка династија е водечка на списокот на „Менаџер“.

Секоја година, весникот објавува список со 1001 најбогат германски граѓанин врз основа на вредноста на акциите на нивните компании.

Семејството Рајман и нивната компанија ЈАБ холдинг стојат зад производителот на кафе и чај „Jaкобс Дув Егбертс“ и производителот на шампони „Вела“.

На второ место е основачот на Лидл, Дитер Шварц, со богатство од околу 27,5 милијарди евра.

По нив следуваат акционерите на БМВ, Сузана Клатен и Стефан Квант, први на ланскиот список, со 26,5 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН УДАР ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Ќе поскапат пратките од “Тему”, властите го укинуваат прагот од 22 евра за ДДВ

ДЕСК

САД воведуваат санкции врз српската нафтена индустрија

C +

Ќе има ли штрајк и „затворањето на небото“ на 20 и 24 октомври? – МНАВ со официјално соопштение

ДЕСК