24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Детектор анкета: Заев е најпопуларен македонски политичар

Според анкетата која за потребите на емисијата Детектор ја изработи Институтот за политички истражувања – Скопје, 14,5% од анкетираните граѓани се изјасниле дека најмногу му веруваат на премиерот Зоран Заев.

За него е опозицискиот лидер Мицкоски кој ужива доверба кај 12,1% од анкетираните. Следен е Али Ахмети во кого веруваат 4,4% од анкетираните, а веднаш зад него е Зијадин Села до доверба од 3%.

По нив следи поранешниот премиер Никола Груевски во кого веруваат 2,1% од анкетираните а потоа Африм Гаши со 0,7% и Билал Касами со доверба од 0,6%.

Во анкетата се појавуваат и имињата на министерката Радмила Шеќеринска која има доверба од 0,2% и Мендух Тачи со поддршка од 0,1%.

1,6% од граѓаните се изјасниле дека најмногу веруваат во друг политичар.

Дури 44,2% од граѓаните не веруваат во ниту еден политичар е 14,2% останале без одговор.

Анкетата ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје за потребите на емисијата Детектор на Сител Телевизија. Истражувањето е спроведено во периодот од 17 до 17 септември оваа година врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници.