Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Николовски: Се приклучуваме на традиционалниот јаболкобер

Генералнниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска во Ресен изјави дека Централното раководство на владејачката партија се приклучило кон традиционалниот јаболкобер, со цел да ја одбележат и оваа сезона.

„Тука сме заеднички и симболично да помогнеме на јаболкарите од овој регион, така како што и во претходниот период континуирано поддржувавме и носевме мерки и политики коишто носат развој на оваа значајна гранка и за овој регион и за целата наша земја“, рече Николовски и додаде дека уште од првата година од мандатот за 10 проценти ги зголемиле субвенциите по хектар.

Николовски нагласи дека годинава ќе биде заокружена со спроведувањето на проектот за зелена нафта. Рече дека 2170 земјоделци, овоштари од овој регион веќе ги подигнале и добиле своите зелени картички и средства за 30% поевтина нафта за земјоделската механизација.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

ДЕСК

Познат идентитетот на загинатите – МВР со детали за тешката сообраќајка

ДЕСК

Апсења на скопскиот аеродром

ДЕСК