24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Реализација на проектот ,,Денови на македонските музеи“ во Крива Паланка

Денес во работните простории во манастиркиот комплек ,,Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка започна реализација на проектот „ Денови на македонските музеи “, кој Градскиот музеј од Крива Паланка го спроведува со финансиска поддршка на Министерството за Економија и општина Крива Паланка.

Општата цел на проектот е подобрување на состојбата и статусот на локалните музеи во земјава и  нивна видливост (присутност) во јавниот простор, а целната група кон која се однесува проектот се 8 локални музеи во државата: ЈУ Музеј на град Скопје, ЛУ Народен Музеј- Велес, ОУ Музеј на град Кратово, ОУ Народен Музеј- Св. Николе, ЛУ Музеј на град Неготино, ОУ Музеј и Галерија- Кавадарци, ЛУ Археолошки и историски Музеј- Виница и ЛУ Градски Музеј- Крива Паланка и вработените во нив, а на денешната средба беа присутни и пртставниците од НУ музејот во Кочани, како и гости од Пазарџик Р.Бугарија

Денешната активност од проектот е формирање на Мрежа на локални музеи, брендирање на мрежата, изработка на веб страна , ФБ фан страна за промоција на мрежата и изработка на промотивен материјал за неа, а активноста која ќе следува во текот на утрешниот ден е оддржување на мини-саем на музеите во текот на утрепниот ден, на кој ќе бидат презентирани  промотивни материјали, сувенири, продукти и сл. од локалните музеи, како и од градовите од кои се присутни на настанот.

На денешниот настан за формирање на Мрежа на локални музеи, беше присутен и градоначалникот Борјанчо Мицевски,  кој посака пријатно добредојде на присутните и во оваа прилика тој истакна дека, општина Крива Паланка и  ЛУ Градски музеј, во изминатиот период   направија низа на напори и заложби пред соодветното министерство и државните органи во насока на решавање на дологодишните проблеми во однос на фискалната децентрализација на  локална установа.

-А заради функционалноста и продуктивното работење на оваа установа, општина Крива Паланка во најскоро време ќе го релизира и планот за кадрово зајакнување на ЛУ градски музеј, во оваа прилика изјави градоначалниот Мицевски.