23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општина Аеродром објави повик за субвенции за чистење оџаци

Општина Аеродром продолжува со доделувањето субвенции како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.

Денеска е објавен јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за чистење оџаци. Општината ќе им надомести дел од трошоците направени при чистење оџаци, во висина од 1.000 денари, на домаќинствата што ќе реализираат чистење оџак во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно со 11 октомври 2019 година.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Потребни документи за аплицирање:
1. Барање за надоместок (барањето може да се подигне во Општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2257);
2. Доказ за жителство на општина Аеродром;
3. Фотокопија од важечка лична карта или пасош на барателот;
4. Фотокопија од трансакциска сметка/ жиро-сметка;
5. Доказ за правен субјект. Тековна состојба не постара од 6 месеци;
6. Оригинал потврда за реализирано чистење оџак потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот (Потврдата за извршената услуга треба да биде издадена: За физички лица на адреса на која барателот живее, односно истата адреса на живеење што е запишана во личната карта. За правните лица на адреса на деловниот објект на правниот субјект за кој се однесува тековната состојба.);
7. Оригинал фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности).

Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за чистење оџаци“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.