Претседателот на Владата, Зоран Заев, за време на својот престој во Њујорк, по повод учеството на Генералното собрание на ОН, оствари средба со премиерот на Малта, Џозеф Мускат.
На средбата, на која учествуваа и заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот за здравство, Венко Филипче, заеднички и особено позитивно беше оценета засилената политичка комуникација меѓу двете земји по воспоставувањето на дипломатските односи на највисоко ниво.
На средбата, премиерот Мускат истакна дека Малта дава целосна и силна поддршка за Северна Македонија за датум за старт на преговорите со ЕУ во октомври.
Двајцата соговорници се согласија дека треба да зајакнат економските односи меѓу двете земји, како и соработката во образованието и културната размена и да се поддржи соработката меѓу главните градови Скопје и Ла Валета во насока на размена на искуства во областа на инфраструктурата, заштитата на животната средина, економскиот развој.
На средбата беше нагласено дека зајакнувањето и на билатералната парламентарна соработка е од извонредно значење за двете земји.