24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со нови 350 партиски вработувања

Петре Шилегов за само една недела преку мнозинството во Советот носи одлука за 350 нови вработувања на партиски војници кои ќе бидат дел од Градот Скопје, обвинува Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Оттука велат дека се работи за најголем дел на партиски вработувања и планови кои се пуштени на одобрување и дискусија во Советот на Градот Скопје.

„Овие 350 нови вработувања се распределени во Градската администрација на Градот Скопје и ЈСП. Минатата недела мнозинството на советници на власта одобри план за вработување на 170 партиски војници во ЈСП, а веќе овој четврток Шилегов предлага план за нови 110 вработувања во Градот Скопје на определено време кои треба да се реализираат оваа година и 76 нови вработувања на неопределено време во градската администрација за наредната година. Заедничката бројка покажува дека Шилегов, владејачкото мнозинство на градот Скопје и Претседателката на Совет, Јанчева за една недела носат одлука со која потврдуваат над 350 вработувања“, пишува во дописот што Советничката група го испрати до медиумите.

Тие тврдат дека според нивни неформални сознанија најголемиот дел од вработувањата ќе поминат низ партиската кадровска комисија на СДСМ.

Нема да се вработува по компетентност, велат од опозицијата, туку по партиска припадност.

„Тоа е и причината поради која досегашната пракса на работа на Советот покажува дека се кријат биографиите на предложените членови на Надзорни и Управни одбори. Шилегов со 350 нови вработувања, Градот Скопје го претвора во своја партиска филијала, наместо да реализира проекти. Обвинувањата на Шилегов пред да дојде на позицијата градоначалник беа дека градот Скопје има гломазна и превработена администрација, а две години потоа Градот го претвора во партиско дувло. Нема пари за капитални проекти, но има пари за нови вработувања“, додаваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.