22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бугарија, Грција, Романија и Хрватска со заедничка порака: Северна Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ

Силна поддршка за членството на Албанија и Северна Македонија во Европската Унија пристигна од министрите за надворешни работи на Бугарија – Екатерина Захариева, Грција – Никос Дендиас, Романија – Рамона Манеску и Хрватска – Гордан Гурлиќ, за време на сесијата на Генералното собрание на ООН.

Четворицата први дипломати на балканските земји на ЕУ ја разгледаа европската интеграција на нивните шест соседи, кои сè уште се надвор од Унијата и ги идентификуваа прашањата за реформите во секоја од овие земји и како тие би можеле да бидат поддржани, соопшти бугарското министерство за надворешни работи.

„Убедени сме дека ќе бидеме побезбедни, попросперитетни и побогати само доколку сите наши соседи станат членки на Европската унија“, рече Екатерина Захариева пред своите колеги. Таа им заблагодари на Романија и на Хрватска за продолжување на приоритетите на бугарското претседателство на Советот на ЕУ .

„Бугарија потпиша договор за пријателство со Република Северна Македонија и договореното треба да се спроведе. Албанија треба да го спроведе законодавството што го донесе. Бугарија го поддржува започнувањето на преговорите за членство со двете земји “, рече Захариева.

Првиот човек на грчката дипломатија, Никос Дендиас подвлече дека ги поддржува Албанија и Република Северна Македонија за членство во ЕУ, а слична порака упати и романскиот министер за надворешни работи, Рамона Манеску. Таа рече дека Бугарија, Грција, Романија и Хрватска треба да продолжат да ги координираат своите активности во политиката на проширување.

„Ние мора да ги поддржиме соседите и да продолжиме со посветеноста со која Бугарија го водеше овој процес за време на нејзиното претседателство. Раздвојувањето на Албанија и Република Северна Македонија ќе биде голема грешка и мислам дека дојде време за позитивен сигнал“, додаде Рамона Манеску.

„Ние ги поддржуваме и Албанија и Република Северна Македонија во нивниот европски пат. Ние сакаме сите земји во регионот да живеат како добри соседи “, рече хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Гурлиќ.

Спонзорирано: