23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фокусирани само на одбрана на криминал, порача Костадин Костадинов

– Единствен интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е да нема правда, да се спасат од одговорност криминалците и тајкуните од редовите на опозициската партија. Не успеа нивниот обид да пропаднат предметите на СЈО и оттука, нервозата во белиот дворец е се поголема. Пред граѓаните презедовме одговорност да изградиме силна и независна правна држава и тоа го обезбедуваме. Затоа не отстапивме од принципот предметите на СЈО да продолжат, да не ја изгубат иднината, да има одговорност, порача Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

СДСМ сака нормален политички дијалог со опозицијата за сите стратешки прашања, велат од владејачката партија.

– Ние сакаме да обезбедиме принципиелен договор со опозицијата за да се изгласа Законот за ЈО. Нашиот став е јасен и принципиелен, одговорност мора да има за секој, без разлика на партиска или каква било припадност, но одговорност мора да има и за тајкуните и за функционерите од ВМРО-ДПМНЕ. Правда и одговорност мора ќе има. Тоа е важно за државата, за граѓаните, секако и за интеграцијата во Европската Унија.